Концентрацијата на корисните материи во сушеното овошје е поголема отколку во свежите.
Јаболката го олеснува варењето на храната, а содржи бројни корисни материи кои го стимулираат одбрамбениот систем на телото, го оневозможуваат таложењето на мастите во црниот дроб и штитат од рак.

Чипсот од јаболка (дехидрираното јаболко) е богат со: -јагленохидрати,
-пектини,
-целулозни влакна,
-калиум,
-витамин А, Б и Ц,
-органски киселни како што се: јаболковата, лимоновата, мравјата и карбонската киселина.

Благодарение на големата количина на јагленохидрати, посебно на фруктоза и гликоза, чипсот од јаболка го снабдува организмот со енергија и го спречува заморот и губитокот на концентрација.

Пектините се хетеросахариди кои се наоѓаат во клетките на растенијата. Тие се растворливи растителни влакна кои овозможуваат непречено функционирање на целиот организам. Делуваат превентивно против ракот на дебелото црево, прекумерната телесна тежина, кардиоваскуларните заболувања, високата концентрација на холестерол во крвта, шеќерната болест итн.

Во јаболката има исклучително многу целулозни влакна кои ја подобруваат работата на дигестивниот систем. Чипсот од јаболка е одличен и против дијареја и против констипација (запек).

Една петнаесетина од плодот на јаболката ја сочинува лушпата и тој дел содржи 40-45 проценти полифеноли. Затоа со лупењето јаболкото губи 25% од своите антиоксидантни својства.